ШТО ПРЕСТАВУВА УСЛУГАТА?


  • Ангажирање на обучена/и хигиеничарка/и за чистење на стан или куќа од професионален сервис за еднократна или за тековни потреби на секој клиент (физичко лице или правен субјект.)

ШТО Е НАЈВАЖНО?


  • Од суштинско значење е да се усогласат очекувањата на клиентот со реалните можности на хигиеничарката/ите за извршување на услугата имајќи ја предвид состојбата т.е. големината на просторот за чистење и квантитетот на очекуваните позиции за чистење.

ОД КОГА ПОСТОИ И КОЛКАВ КАПАЦИТЕТ ИМА?

 
  • Услугата чистење станови и куќи се извршува од самото основање на ТЕХНО-ЧИСТ (1990 година) и постои како самостојна служба веќе 20 години а просечно месечно опслужува повеќе од 200 редовни и околу 50 нови клиенти.

ПО КОЈ РЕДОСЛЕД СЕ ВРШИ УСЛУГАТА ?


  • Чистењето секогаш се почнува од плафонот и се чисти кон подовите, по редослед горе па долу. По тој редослед се чистат сите простории со сите предмети (мебел и др. инвентар) во нив, во склоп со нив се чистат и прозорците па потоа вратите. Исто така се врши чистење на кујнските и санитарните елементи во кујната и тоалетот а како последна постапка е чистењето на сите подови и исфрлање на сметот.

ЗОШТО Е БАРАНА?


  • Со оглед на големата динамичност на животот оваа услуга на домаќинствата им овозможува повеќе слободно време за себе и за други обврски а од друга страна ефтино и квалитетно чистење на станот или куќата со ангажирање обучени хигиеничарки на легален, професионален и безбеден начин.

КОЈ ГИ ИЗВРШУВА УСЛУГИТЕ?

 

  • Квалификувани хигиеничарки, обучени за чистење во станови, подобни од аспект на доверливост, брзина и квалитет на работење. Истите се флексибилни и прилагодливи на семејните навики во станот или куќата почитувајќи ги нормите за професионален пристап и однос при извршување на услугите

 

СО ШТО СЕ ИЗВРШУВА УСЛУГАТА?


  • Со прибор, средства-хемија и др. опрема со која располага клиентот или со комплет од прибор, средства-хемија и др. опрема за чистење станови од ТЕХНО-ЧИСТ. Истиот комплет се состои од софистицирани, сертифицирани хемиски средства, прибори и др. опрема по потреба како што се скали, усисувачи и др. односно се што е потребно за чистење станови.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ?


  • Еднократно ГЕНЕРАЛНО чистење во станови и куќи кое подразбира сеопфатно, детално и темелно чистење на просторот, најчесто со екипа од неколку извршители.
  • Еднократно чистење во станови и куќи, каде однапред се договараат одредени позиции кои треба да се чистат и каде најчесто е потребна една или две хигиеничарки за овој тип на услуга.
  • Тековно чистење во станови и куќи или редовно одржување хигиена со динамика од неколку пати неделно или месечно, каде во договор со клиентот, сукцесивно се чистат договорени позиции. Најчесто за оваа услуга е потребна една (и тоа иста) хигиеничарка.

 

КОИ ДРУГИ УСЛУГИ СЕ ВКЛУЧЕНИ


  • Длабинско тресење, усисување и перење- шампонирање (суво перење) на теписи, теписони или килими, како и тапацир - мебелштоф на седечки гарнитури, душеци, фотељи или столици со КИРБЅ машина.
  • Услуга: бришење стакла со рамки на лесно достапни и тешко достапни висини (внатрешно и надворешно) со специјализирани-обучени лица за таа работа
  • Услуга: хемиско чистење на постелина и завеси , итн...
  • Услуга: пеглање постелнина и алишта.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ УСЛУГАТА


  • Со закажување по телефон или со личен контакт со овластено лице од ТЕХНО-ЧИСТ. При тоа се утврдуваат потребите за големината на ангажманот со проценка од страна на клиентот или со посета на лице место за проценка од страна на овластено лице на ТЕХНО-ЧИСТ. По усогласувањето на ангажманот односно прифаќање на понудата клиентот остава податоци за адресата, денот и датумот за извршување на услугата.


20 години Заедно со Вас

-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе


Најнови светски трендови во хигиената

Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе


Заокружена стандардизација

Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе