КАДРОВСКА СТРУКТУРА И МЕНАЏМЕНТ
Со искуствата од долгогодишното работење во областа на хигиената ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје изгради своја кадровската политика со која се дефинира дека тајната за успехот на Друштвото е во создавањето на врвни кадри односно развиена кадровската структура која се смета за најсилниот ресурс на Друштвото.
Својата кадровска политика ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје ја темели и на усвоените акти на Друштвото како што се: Статут на Друштвото, Правилник за работни односи, Систематизација на работните места, Организациона структура, Кодекс за добро деловно однесување и многу други системски акти на ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје.
Заради квалитетен прием односно правилен избор на нови кадри ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје има сопствен систем односно процедура почнувајќи од огласување на потребата, селектирање на пријавените кандидати, интервјуирање и утврдување на способностите, избор, извршување теоретска и практична обука, воведување во работа, следење на резултатите и нивниот однос кон клиентите а особено се внимава на подобноста на секој работник од аспект на доверливоста.
Секоја година се врши анализа на компетенции на вработените (согласно системот за контрола на квалитет ИСО 9001: 2008) така да во континуитет се следат и реализираат потребите од кадровските промени.
Севкупниот кадар перманентно се обучува, едуцира и надградува а менаџерскиот тим има задача да управува надгрдувајќи ги корпоративните вредности на ТЕХНО-ЧИСТ а со тоа да обезбедува позитивна деловна култура и клима за работа и поголема мотивираност за успешност во севкупното работење.
...ЗА УПРАВУВАЊЕТО
Како гаранција за создавање на позитивна деловна култура и добра клима за работа во ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје постои основен принцип за градење на корпоративни вредности според кој управувањето мора да се одвива само врз основа на правила, процеси, процедури, принципи, аргументи, начела, интереси на групите итн. а не врз основа на моќ, врски, познанства, особености, страв, уцени итн
МЕНАЏЕРСКА СПОСОБНОСТ
За Друштвото за хигиенско-технички услуги ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје како еден од највиталните сегменти за успешно остварување на своите поставени цели е корпоративното управување и единството на менаџерскиот тим кој преку перманентна едукација континуирано се развива а преку резултатите од работењето ги изразува своите способности
Менаџерскиот тим на ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје своите менаџерски и организациски способности ги усовршуваат и развиваат од самиот почеток на работа на Друштвото на најразлични начини како со пратење на светските трендови преку разните медиуми, саеми, презентации, семинари. литература итн.
Стекнатите искуства и способности се потвредени со ангажманот на консултанската куќа Македонски деловен центар (МДЦ) под спонзорство на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за изготвување на Деловен план која траеше во период од 2 години.
Во овој период на соработка при изготвувањето на Деловниот план активно учество зема севкупниот менаџерски тим на Друштвото кој беше едуциран и обучуван од страна на странски консултанти и експерти по најразлични теми и тоа:
- работа на менаџерскиот тим, клучеви за успех и организациска структура
- маркетинг план, маркетинг стратегија и примена, промотивна стратегија, производи и услуги, сегментација на пазарот, потреби на пазарот и пазарни трендови, дистрибуција, конкуренција и др.
- човечки ресурси и меѓучовечки односи
- пермаментна обука и едукација на вработените,
- финансии и финансиски проекции
- административни и деловни работи
Поведени од стручните советити на консултантите создадена е организациска структура на Друштвото која континуирано се доплонува и надоградува спрема потребите за соодветни кадри за успешно функционирање.
Покрај соработката со наведената консултанска куќа менџерскиот тим на ТЕХНО-ЧИСТ успешно го совлада семинарот за менаџерско управување одржан од страна на тимот на професори на Европскиот универзитет под раководство на експертот по менаџмент Проф.Др. Роберт Димитровски .
Севкупната едукација и надградба на топ менаџментот, раководителите-менаџери на служби, раководителите на работни единици како и на дел од непосредните извршители меѓудругото резултираше со дооформување на организационата структура и воспоставување на високо почитување на заедницата на вработени за градење на висок степен на меѓучовечки односи што влеа доверба меѓу вработените и сигурност во работата.
Со севкупната едукација менаџерскиот тим ја проектираше и својата визија за ТЕХНО-ЧИСТ и начинот за достигнување на успешноста:
ВИЗИЈА
ТЕХНО-ЧИСТ, Бренд број 1 во Македонија во областа на одржување хигиена како компанија со современ менаџмент, корпоративно управување, врвни кадри, услуги по најсовремени технологии-стандарди и со најголем удел на Македонскиот пазар
...ЗА УСПЕШНОСТА
Успешноста на ТЕХНО-ЧИСТ се темели на две основни задачи на менаџментот:
1. Грижа за вработените преку овозможување добри услови за работа, мотивираност, задоволство, можност за надградба, усовршување, едуцирање.. ..
(вработените се најголемиот капитал на компанијата)
2. Грижа за клиентите, кои покрај високиот квалитет и задоволство од услугата, да добиваат постојано следење на нивните состојби и потреби со предлагање на новитети за подобрувања без да бидат побарани од нивна страна и реализација на истите по одобрувањето од нивна страна
(само еден е главен, тој може да го смени и раководството и работниците а тоа е клиентот)
-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе
Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе
Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе