КРАТОК ИСТОРИЈАТ
Друштвото за хигиенско-технички услуги ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје е прво од ваков вид во Р.Македонија и е основано во 1990 година од основачите Зоран Алексовски и Сашо Петровски. Основната дејност на ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје е извршување услуги од областа на одржување хигиена.
Основачите ја започнаа дејноста со десетина вработени извршители-хигиеничари во Скопје, а со својата посветеност кон работата бележат континуиран развој на Друштвото така да денес ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје има современ менаџмент и развиена организациона структура која вклучува приближно 450 вработени распространети во Скопје и сите градови и помали места низ Р.Македонија.
Почнувајќи од чистење на влезови на згради и станови ТЕХНО-ЧИСТ континуирано ги следеше потребите на граѓаните и правните субјекти како и современите организациско- технолошки текови за оваа дејност во развиените држави. Следствено на тоа уште во 1990-тите години ТЕХНО-ЧИСТ се стави во функција на пионер-промотер а потоа лидер на Македонскиот пазар во процесот на превземање на несуштинските дејности односно аутсорс услуги за тековно одржување на хигиена што резултираше со склучување на повеќе договори со и без превземање на постоечките вработени.
Денес ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје достигна голем асортиман и квалитет на услуги од областа на хигиената, а воедно и голем список на клиенти во својата референтна листа.
Овој подем пропратен со перманентната обука и едукација на менаџерскиот тим и сите вработени како и имплементацијата на системотите за управување со: квалитетот (ИСО 9001:2008), живитната средина (ИСО 14001:2004) и безбедноста и здравјето (ОХСАС 18001:2007) го изгради името ТЕХНО-ЧИСТ како синоним за хигиена односно бренд препознатлив за секој потенцијален корисник на услуга во областа на хигиената.
МИСИЈА
Нашата мисијата е да ги усогласиме и примениме современите организациски, технички и технолошки начини на работа со условите на нашите простори и врз основа на висок квалитет и професионалност да го одржиме и зголемиме рејтингот и имиџот за единствено претпријатие кое е најдобро решение за било која потреба од областа на хигиената.
-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе
Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе
Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе