Заокружена стандардизација
Покрај поседувањето на повеќегодишниот стандард за управување со квалитетот ИСО 9001:2008 ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје, во текот на 2011 год.стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи и тоа:
-Систем за управување со животната средина ИСО 14001:2004 и
-Систем за управување со безбедноста и здравјето ОХСАС 18001:2007
Повеќемесечниот вонреден напор на вработените за воведување на сите процедури и правила според строгите критериуми од барањата на овие два стандарди резултираше со заокружување на процесот на стандардизација зацртан во долгорочната стратегија на ТЕХНО-ЧИСТ.
Со ова врвно достигнување на ТЕХНО-ЧИСТ ДОО Скопје се влеа голема сигурност кај клиентите дека услугите кој ги добиваат се со највисок квалитет, дека при извршување на истите животната и работната средина е максимално заштитена и дека се превземени највисоките мерки кои нудат безбедност и здравје за нив, работниците и останатите лица кои се засегнати при извршување на услугите.