ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА


ВОДЕЧКО МОТО НА ТЕХНО-ЧИСТ:

Традиција, партнерство, единство на тимот, квалитет и постојано во тренд, станавме вистински бренд.

  • Тимски пристап кон планирање и реализација на процесите.
  • Стручно оспособување и развивање на свеста на персоналот за квалитетно извршување на услугите, постојана грижа за животната средина и здравјето и безбедноста при работа, мотивирање и континуирано подигнување на тимското работење.
  • Реализација на процесите на начин кој обезбедува исполнување на барањата и на очекувањата на клиентите, согласно нивните желби и потреби, севкупно разбирање за барањата на клиентите и секојдневно согледување на ризиците, опасностите, штетностите по здравјето и безбедноста при работа, идентификување на аспектите на животната средина, заштита на животната средина во процесите на нудење на услугите и договарањата.
  • Почитување на поставените барања на ТЕХНО-ЧИСТ од страна на договарачите и поддоговарачите на барањата на клиентите на терен, и почитување на барањата кои ТЕХНО-ЧИСТ ги почитува на клиентите при извршување на услугите.
  • Испорака и користење на опрема, средства и материи кои ги задоволуваат барањата за заштита на животната средина, здравјето и безбедноста при работа.
  • Постојана контрола и надзор на произвдоителите од аспект на безбеден начин на работа, зачувување на здравјето и зачувување на животната средина.
  • Создавање на работна средина и работна атмосфера која потикнува на извршување само оние активности кои не ја загрозуваат безбедноста и здравјето.
  • Примена на највисоки стандарди при користење на опремата, алатите и заштитните средства.
  • Постојано смалување на бројот на инциденти и акциденти и нивно истражување како несреќите потполно да се елиминираат.
  • Мерење и анализа на успешноста на секој процес.
  • Постојано подобрување и унапредување на процесите и зголемување на асортиманот на услуги.
  • Подигање на конкурентската предност на пазарот, со континуирано иновирање на нови услуги.
  • Постојано усогласување со законските и другите барања во поглед на заштитата и безбедноста при работа, заштитата на животната средина.
  • Поставување амбициозни, мерливи и остварливи цели за унапредување на квалитетот, заштита на животната околина и заштита и безбедност при работа.
  • Користење на алатките на стандардите ИСО 9001:2008, ИСО 14001:2004 и ОХСАС 18001:2007 за подобрување и за унапредување на системот за управување со квалитетот, системот за заштита на животната средина и системот за заштита и безбедност при работа.
  • Извршување на интерни проверки на системот за управување со квалитетот, системот за заштита на животната средина и системот за заштита и безбедност при работа.
  • Освојувањето нови клиенти е стратешка цел на менаџментот на ТЕХНО-ЧИСТ.

  • Во остварување на оваа политика вклучени се сите вработени без исклучување.

УПРАВИТЕЛ Зоран Алексовски 25.09.2006

         

Кликнете на сликата за поголем приказ



20 години Заедно со Вас

-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе


Најнови светски трендови во хигиената

Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе


Заокружена стандардизација

Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе