ШТО ПРЕТСТАВУВА УСЛУГАТА?


  • Севкупно отстапување на функцијата за тековно одржување хигиена на професионален сервис кој со ангажирање на сопствени обучени хигиеничарки или со превземање на постоечките вработени како и со специјализирани екипи ја превзема севкупната организација за извршување на тековното одржување на хигиената.

ЗОШТО Е БАРАНА?


  • Поради современиот тренд на сите компании, институции и други правни субјекти кои сакајќи да се посветат на својата основна дејност ги отстапуваат несуштинските дејности како што е одржување на хигиена на професионални компании за одржување на хигиена.

КАДЕ СЕ ИЗВРШУВА?

Во Скопје и во сите 34 градови во Р.М. во деловни простори како што се:

  • АДМИНИСТРАТИВЕН ПРОСТОР(КАНЦЕЛАРИИ)
  • ТЕХНОЛОШКИ ПРОСТОРИ (ПОГОНИ, ЛАБОРАТОРИИ
  • МАГАЦИНСКИ ПРОСТОРИ
  • ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ
  • ИЗЛОЖБЕНО-ПРОДАЖНИ САЛОНИ
  • МАРКЕТИ (СУПЕРМАРКЕТИ)
  • ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ
  • ХОТЕЛИ, РЕСТОРАНТИ
  • БОЛНИЦИ, АМБУЛАНТИ, ОРДИНАЦИИ
  • ФИЛИЈАЛИ, ЕКСПОЗИТУРИ, КИОСЦИ
  • РАБОТИЛНИЦИ, ВЛЕЗОВИ И ДР

КОЈ ЈА ИЗВРШУВА?


  • Обучени и квалификувани работници-хигиеничари подобни од аспект на доверливост
  • Превземани (постоечки) хигиеничари при предавањето на несуштинските дејности,
  • Специјални екипи за периодично чистење специфични позиции

ОД ШТО СЕ СОСТОИ?

СЕКОЈДНЕВНИ ЧИСТЕЊА

Секојдневното чистење се извршува со хигиеничари кои се секојдневно присутни во просторот и кои имаат прецизен распоред на дневни неделни и месечни активности така да хигиената во просторот биде континуирано на високо ниво. Најчести активности се:


  • ПРОВЕТРУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ,
  • СОБИРАЊЕ (БРИШЕЊЕ) ПРАШИНА И ПАЈАЖИНА
  • ПРЕБРИШУВАЊЕ НА ИНВЕНТАР И ДР. РАБОТНИ ПОВРШИНИ,
  • ПРАВОСМУКАЊЕ, МЕТЕЊЕ ИЛИ ВЛАЖНО МОПИРАЊЕ НА ПОДОВИТЕ
  • СОБИРАЊЕ И ИСФРЛАЊЕ НА СМЕТ ДО ЈАВНИ КОНТЕЈНЕРИ
  • ЧИСТЕЊЕ КУЈНСКИ ЕЛЕМЕНТИ
  • ЧИСТЕЊЕ САНИТАРНИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ТОАЛЕТИ
  • СУКЦЕСИВНО БРИШЕЊЕ ПРОЗОРИ И ВРАТИ
  • ЧИСТЕЊЕ ВЛЕЗНА ЗОНА,
  • НАДВОРЕШНО ОДРЖУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОР, ДВОРОВИ И ТРЕВНИЦИ,
  • ДРУГИ АКТИВНОСТИ ПО ДОГОВОР

ПЕРИОДИЧНИ ИЛИ ПОВРЕМЕНИ ЧИСТЕЊА

Периодичните или повремените чистења се извршуваат со посебно обучени работници-специјализирани екипи со посебна опрема за чистење на специфични позиции кои не се опфатени со секојдневните активности а кои се препорачуваат со месечна, полугодишна и сезонска динамика. Најчести такви позиции се:


  • МАШИНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ТВРДИ ПОДОВИ СО НАНЕСУВАЊЕ НА ЗАШТИТНА ЕМУЛЗИЈА И ПОЛИРАЊЕ НА ИСТИТЕ
  • МАШИНСКО ПЕРЕЊЕ НА МЕКИ ПОДНИ ПОДЛОГИ (ТЕПИСОНИ, ХОЈГА, ТЕПИСИ И СЛ).
  • МАШИНСКО ПЕРЕЊЕ НА: ЗАВЕСИ (ВАРИОЛАЈТ, ВЕНЕЦИАНЕР...) МЕБЕЛШТОФ (СТОЛИЦИ,ФОТЕЉИ, СОФИ..)
  • ЧИСТЕЊЕ НА ПРОЗОРИ НА ДОСТАПНИ И ТЕШКО ДОСТАПНИ ВИСИНИ
  • ЧИСТЕЊЕ НА ФАСАДИ НА ДОСТАПНИ И ТЕШКО ДОСТАПНИ ВИСИНИ
  • ЧИСТЕЊЕ ТЕНДИ, РЕКЛАМНИ ПАНОА-БИЛБОРДИ, БАНКОМАТИ, ТЕЛ.ГОВОРНИЦИ,
  • ГЕНЕРАЛНИ (СЕОПФАТНИ, ДЕТАЛНИ И ТЕМЕЛНИ) ЧИСТЕЊА
  • ДРУГИ ЧИСТЕЊА ПО ДОГОВОР ВО СКОПЈЕ И ВО СИТЕ ГРАДОВИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

КОИ ДРУГИ УСЛУГИ СЕ ВКЛУЧЕНИ?

Најчесто барани дополнителни услуги се:


  • Пријавување на дефекти и други недостатоци во просторите забележани од хигиеничарите.
  • Набавка , дистрибуција и дневна достава на средства за лична хигиена: сапун (течен, тврд), тоалетна хартија и брисачи за раце.

СО ШТО СЕ ИЗВРШУВА?


  • Со најсовремени сертифицирани хемиски средства за темелно чистење, нега и тековно одржување на хигиената
  • Со специјализирани професионални прибори за чистење со кои се применуваат современите технолошки постапки за брзо и ефикасно чистење
  • Со професионални машини за чистење и друг соодветен алат со кои максимално се зголемува продуктивноста при работењето.

ЗОШТО Е ФИНАНСИСКИ ИСПЛАТИВА?


Со отстапувањето на функцијата за тековно одржување на хигиена на професионален сервис на клиентот му се намалуваат трошоците за истата намена поради следните причини:


  • Се извршува со оптимално користење на ресурсите на ТЕХНО-ЧИСТ од мрежата на вработени и обучени: хигиеничари, контролори и раководители во Скопје и сите градови низ Р.Македонија
  • Системот на требовање, набавка, достава и одржување на материјали за работа е централизиран и стандардизиран во согласност со современите технолошки трендиви. Тој се обавува месечно и по реони, така да е постигната максимална економичност на трошоците за негова реализација
  • Во случај на отсуство на хигиеничар се обезбедува соодветна замена од ресурсите на развиената мрежа на вработени
  • Чистењето на специфични позиции се врши со обучени и опремени специјализирани екипи
  • Адмистрирањето, евиденциите, пресметувањето плати и се друго околу персонално-кадровите работи е централизирано.


20 години Заедно со Вас

-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе


Најнови светски трендови во хигиената

Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе


Заокружена стандардизација

Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе