ШТО ПРЕТСТАВУВА УСЛУГАТА?
- Ангажирање на специјализирана/и екипа/и на ТЕХНО-ЧИСТ од страна на физичко лице, правен субјект или др. институција за било каков вид и обем на позиции за чистење, односно за еднократно чистење на разни специфични позиции и состојби кои најчесто не се опфатени со секојдневното одржување на хигиена а за нив се потребни специјално обучени лица, опрема, машини, прибори, средства и технологија за чистење.
ЗОШТО Е БАРАНА?
- Поради тоа што за чистење на разни специфични позиции има потреба од специјална: опрема, машини, средства-хемија, технологија, обученост како и мобилност (голем број работници за големи објекти) а тоа го има ТЕХНО-ЧИСТ .
ОД КОГО И ЗА КАДЕ Е БАРАНА?
- Од секој граѓанин за било каква потреба за чистење на разни позиции во приватни објекти
- Од секој правен субјект или др. институција за чистење во деловни простори како што се:
- АДМИНИСТРАТИВЕН ПРОСТОР(КАНЦЕЛАРИИ)
- ТЕХНОЛОШКИ ПРОСТОРИ (ПОГОНИ, ЛАБОРАТОРИИ
- МАГАЦИНСКИ ПРОСТОРИ
- ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ
- НОВОИЗГРАДЕНИ ЗГРАДИ
- ИЗЛОЖБЕНО-ПРОДАЖНИ САЛОНИ
- МАРКЕТИ (СУПЕРМАРКЕТИ)
- ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ
- ХОТЕЛИ, РЕСТОРАНТИ
- БОЛНИЦИ, АМБУЛАНТИ, ОРДИНАЦИИ
- ФИЛИЈАЛИ, ЕКСПОЗИТУРИ, КИОСЦИ
- ДУЌАНИ, РАБОТИЛНИЦИ, СЕВИСИ, ФУРНИ
- ВЛЕЗОВИ И ДР.
КОЈ ЈА ИЗВРШУВА?
- Квалификувани работници со специјална обука за технологија при работа со специфични машини, прибори и средства-хемија како и за работа на тешко достапни висини, подобни од аспект на доверливост
СО ШТО СЕ ИЗВРШУВА?
- Со најсовремени сертифицирани хемиски средства за темелно чистење, нега и одржување на хигиената
- Со специјализирани професионални прибори за чистење со кои се применуваат современите технолошки постапки за брзо и ефикасно чистење
- Со специјална опрема за работа на висина и заштита при работа.
- Со професионални машини за чистење на мал И голем обем и друг соодветен алат со кои максимално се зголемува продуктивноста при работењето.
КОГА Е НАЈ ИСПЛАТИВА?
Кога корисникот на услуга ќе склучи договор за периодично повторување на услугата следуваат големи попусти на единечните цени. Со тоа корисникот на услуга веќе не се грижи како да ја реши потребата за чистењето и за:
- НАЧИНОТ НА ЧИСТЕЊЕ,
- ЕФИКАСНОСТА ПРИ ЧИСТЕЊЕТО,
- ПОТРЕБНАТА ОПРЕМА, МАШИНИ, ПРИБОР...
- ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ЧИСТЕЊЕТО,
- БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНИЦИТЕ
- БЕЗБЕДНОСТА НА ПРОСТОРОТ-ОБЈЕКТОТ
ШТО БИ ПОТЕНЦИРАЛЕ?
- ТЕХНО-ЧИСТ има развиена технологија, машини, прибор и хемија за заштита на тврди подови од МЕРМЕР, ГРАНИТ, КЕРАМИКА, ВИНАС, ЛИНОЛЕУЛ, ПВЦ, ЛАМИНАТ И ДРУГИ ПОДОВИ.
- Заштитата на подовите се врши на добро исчистени подови со нанесување на заштитни емулзии па потоа се врши полирање при што се добива:
- Зголемена сјајност на подот
- Заштита од лизгање (емулзиите имаат антилизгачка компонента согласно светските стандарди)
- Заштитен под од валкање и гребење на подолг период
- Големо олеснување за тековното одржување на подот
- Зголемен век на траење на подот
20 години Заедно со Вас
-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе
Најнови светски трендови во хигиената
Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе
Заокружена стандардизација
Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе