ШТО ПРЕДСТАВУВА УСЛУГАТА?
- Ангажирање на обучена хигиеничарка за тековно одржување хигиена во помал деловен простор во кој секојдневниот обем за чистење е мал односно секојдневно е потребно чистење во траење од 2, 3, 4, 5 или 6 работни часа.
КАДЕ СЕ ИЗВРШУВА?
- Во Скопје и во сите градови во Р. Македонија во деловни простори со помала квадратура како што се:
- Административен простор(канцеларии)
- Технолошки простори (погони, лаборатории
- Магацински простори
- Производни погони
- Изложбено продажни салони
- Амбасади и др. преставништва
- Маркети (Супермаркети)
- Трговски центри
- Хотели, ресторанти
- Болници, амбуланти, ординации
- Филијали, експозитури, киосци
- Работилници, влезови и др
ЗОШТО Е БАРАНА?
- Сите правни субјекти кои имаат помали деловни простори и имаат потреба од секојдневно одржување хигиена за да не вработуваат хигиеничарка за мал обем на работа како и да набавуваат прибор, средства-хемијаи др. опрема а и да наоѓаат замена во случај на отсуство на истата со оваа услуга секојдневно добиваат професионално обучена и опремена хигиеничарка која квалитетно ќе ја извршува услугата со оптимално скратено работно време а се разбира при тоа трошоците се помали.
ОД ШТО СЕ СОСТОИ?
Секојдневни чистења
- Секојдневното чистење се извршува со хигиеничари кои се секојдневно присутни во просторот и кои имаат прецизен распоред на дневни неделни и месечни активности така да хигиената во просторот биде континуирано на високо ниво.Најчести активности се:
- Проветрување на просторот,
- Собирање (бришење) прашина и пајажина
- Пребришување на инвентар и др. работнати површини,
- Правосмукање, метење или влажно мопирање на подовите
- Собирање и исфрлање на смет до јавни контејнери
- Чистење кујнски елементи
- Чистење санитарни елементи во тоалети
- Сукцесивно бришење прозори и врати
- Чистење влезна зона,
- Надворешно одржување на паркинг простор, дворови и тревници,
- Други активности по договор
Периодични или повремени чистења
- Периодичните или повремените чистења се извршуваат со посебно обучени работници-специјализирани екипи со посебна опрема за чистење на специфични позиции кои не се опфатени со секојдневните активности а кои се препорачуваат со месечна, полугодишна и сезонска динамика.
Најчести такви позиции се: - Машинско чистење на тврди подови со нанесување на заштитна емулзија и полирање на истите
- Машинско перење на меки подни подлоги (теписони, хојга, теписи и сл).
- Машинско перење на: завеси (вариолајт, венецианер...) мебелштоф (столици,фотељи, софи..)
- Чистење на прозори на достапни и тешко достапни висини
- Чистење на фасади на достапни и тешко достапни висини
- Чистење тенди, рекламни паноа-билборди, банкомати, тел.говорници,
- Генерални (сеопфатни, детални и темелни) чистења
- Други чистења по договор во Скопје и во сите градови во Р. Македонија
КОЈ ГИ ИЗВРШУВА УСЛУГИТЕ?
- Квалификувани и обучени хигиеничарки подобни од аспект на доверливост, брзина и квалитет на работење како и професионален однос кон вработените и странките на клиентот.
СО ШТО СЕ ИЗВРШУВА УСЛУГАТА?
- Со прибор, средства-хемија и др. опрема со која располага клиентот или со комплет од прибор, средства-хемија и др. опрема за чистење од ТЕХНО-ЧИСТ. Истиот комплет се состои од софистицирани, сертифицирани хемиски средства, прибори и др. опрема која месечно се дополнува.
КОИ ДРУГИ УСЛУГИ СЕ ВКЛУЧЕНИ?
- Пријавување на дефекти и други недостатоци во просторите забележани од хигиеничарите.
- Набавка , дистрибуција и дневна достава на средства за лична хигиена: сапун (течен, тврд), тоалетна хартија и брисачи за раце.
20 години Заедно со Вас
-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе
Најнови светски трендови во хигиената
Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе
Заокружена стандардизација
Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе